3.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски на средба со европски претставници се пожалил на политички прогон

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, оствари средба со Жан-Кристоф Белијард, директор во службата за надворешна политика на ЕУ, Ангелина Ајхорст, директор за Западна Европа, Западен Балкан и Турција, Геновева Руиз Калавера, директор во Директоратот за проширување на Европската комисија. На средбата беше присутен и амбасадорот на ЕУ во Македонија, Самуел Жбогар.
„На средбата се разговараше за актуелните политички случувања во земјата, за стратешките приоритети на државата, како и за реформските процеси важни за Република Македонија. Претседателот Мицкоски истакна дека сме сведоци на политички прогон кој се извршува врз десетина лица, а сето тоа не ја придвижува земјата напред кон нејзините стратешки цели, ЕУ и НАТО“, соопшти партијата.
Спонзорирано: