5.8 C
Скопје
18. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Американците го промениле името на улица во Вашингтон во која е сместена Руската амбасада, Русите бесни поради новото име

Властите во Вашингтон одлучиле да ја преименуваат улицата во која се наоѓа руската амбасада, и ја нарекле по убиениот руски опозициски политичар.

Станува збор за Борис Немцов, кој е застрелан пред Кремљ 2015 година, а одборот за преименување на улиците вели дека одлуката во чест на „убиениот демократски активист“, донесена е едногласно, пишува Би-Би-Си.

Руските политичари го критикувале овој потег, а Владимир Жириновски, лидер на националистичката ЛДПР партија, овој потег го нарекол „валкан трик“.

Со него се сложува и членот на Комунистичката партија, Димитри Новиков, кој рекол дека „американските власти премногу се вовлекле во мешање во руските внатрешни работи“.

Потсетуваме, Борис Немцов, голем критичар на Владимир Путин, е убиен во февруари 2015 додека се враќал дома од еден ресторан во Москва.

Спонзорирано: