16.8 C
Скопје
16. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Зголемени продажните цени на индустриските производи

Според податоците на Државниот завод за статистика, во ноември 2017 продажните цени на производителите на индустриски производи вкупно се повисоки за 0,4 проценти на месечно ниво, а за 3,8 проценти на годишно ниво.
Во ноември 2017, во споредба со октомври 2017, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се повисоки во секторот рударство и вадење камен за 5,4 проценти, во секторот преработувачка индустрија за 0,1 процент, a во секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација се пониски за 2,6 проценти.
Во ноември 2017, во споредба со ноември 2016, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се повисоки во секторот рударство и вадење  камен за 23,4 проценти, во секторот преработувачка индустрија за 2,6 проценти, а во секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација се пониски за 0, 5 отсто.
На странските пазари, продажните цени на производителите на индустриски производи се повисоки за 1,0 процент на месечно ниво, а за 6,5 проценти на годишно
ниво.
Спонзорирано: