5.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕХНОЛОГИЈА

(Видео) За помалку од една година оваа компјутерска игра стана најпродаваната на сите времиња

Видеоиграта Playerunknown’s Battlegrounds (PUBG) го промени светот на гејмингот за помалку од 12 месеци, а сега и официјално PUBG стана најдобро продавана игра за компјутери на сите времиња.

 

За подемот на оваа видеоигра можеби најдобро говори фактот што компанијата што ја создаде истата го промени своето име од Bluehole во PUBG Corp, а играта ѝ донесе на компанијата заработка од над 500 милиони долари и ѝ обезбеди ексклузивен договор со Microsoft со кој PUBG ќе биде достапна и за конзолата Xbox One.

Кога станува збор за компјутерите, PUBG досега е продадена во повеќе од 27,8 милиони примероци, според статистиката на SteamSpy, која прифаќа маргина на грешка од околу 160.000 примероци.

Она што ја прави оваа видеоигра специфична е и тоа што по долго време на љубителите им понуди сосема нов шаблон за играње.

Приказната на видеоиграта е следна. Сто играчи мрежно поврзани се фрлени од авион на напуштен остров без никаква опрема, а по слетувањето со падобран целта е да соберат што повеќе муниција и подобро оружје, како и лекови, за на крајот да останат единствените преживеани.

Борбата е слична како и во другите видеоигри со пукање, но неопходно е да се развие добра тактика со цел да се обезбеди подобра шанса за победа.

Инаку, во PUBG секој играч може да се бори самостојно или, пак, да се здружи во тим со уште неколку други играчи.

Спонзорирано: