13.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Весели: Косово нема сили да го стопира Специјалниот суд

Претседателот на косовското Собрание, Кадри Весели изјави дека има стотици аргументи Специјалниот суд на Косово да не стартува, но сепак Косово нема сили тој суд да го стопира. Весели за косовските медиуми нагласува дека Специјалниот суд е многу штетен за Косово, но сепак тој ќе проработи.
„Ова е голема неправда што и се случува на правдата на Косово, но сепак треба да сфатиме дека Косово нема сили тоа да го запре.
,,Меѓународниот фактор е тој кој бара активности на Специјалниот суд во Косово кој инаку не е вперен индивидуално против никој туку станува збор за неправедната доктрина на моралната рамноправност на страните вклучени во војната на Косово“ нагласува претседателот на Собранието на Косово и претседател на Демократрската партија на Косово.
Спонзорирано: