17.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Церар и Пленковиќ до крајот на месецот кај Јункер

Претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер ги повика на разговор во Брисел, до крајот на месецот, премиерите на Словенија и Хрватска, Миро Церар и Андреја Пленковиќ, објави љубљански „Дело“.
Водечкиот словенечки дневник, наведува дека Јункер се вклучил во решавање на арбитражниот спор меѓу Словенија и Хрватска, откако пфицијален Загреб претходно ја отфрли предложената мисија на потпретседателката на Комисијата, Франс Тимерманс, со кого Хрватска не сака да разговара.
Во Комисијата тоа предизвика незадоволство, пишува весникот повикувајќи се на свои извори. Словенечкиот претседател Борут Пахор, кој претстојува во белгиската престолнина, вчера побара Брисел да повика на состанок на двајцата премиери, кој би се случил со посредништво на ЕУ.
Пахор вчера пред новинарите рече дека соговорниците во Брисел ги предупредил дека Хрватска со неприфаќањето на спроведувањето на арбитражната одлука, всушност го крши пристапниот договор со Европската унија и правото на Унијата, што би можело да биде основа за евентуална тужба против Загреб.
Словенија не се откажува од подготовките на арбитражната пресуда и смета дека и Хрватска има обврска да ја почитува истата. Но, доколку, Хрватска одбие да го примени арбитражниот договор, Словенија нема избор и во тој случај би ѝ испратила писмо на Европската комисија, како увод во можно покренување на постапка пред судот на ЕУ во Луксембург.
Според предвидената процедура, Комисијата има обврска на таквото писмо да одговори во рок од три месеци.
Спонзорирано: