14.8 C
Скопје
18. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Српската премиерка смета дека во Сребреница не бил извршен геноцид

Српската премиерка, Ана Брнабиќ, во своето најново интервју наведе дека во Сребреница не бил извршен геноцид.
Брнабиќ во интервју за „Економист“ подвлекува дека „во Сребреница било извршено страшно злосторство“ за кое таа навистина жали, но додаде дека, сепак, не би можела истото да го нарече геноцид. Колку за потсетување, хашкиот трибунал го осуди Ратко Младиќ – воениот лидер на босанските Срби, меѓудругото и за геноцид во Сребреница.
Српскиот премиерка во истото интервју прашана за тоа дали би го употребила терминот „независно Косово“ одговори негативно бидејќи, според неа, такво нешто би ја „отворило пандорината кутија“.
Брнабиќ, која се декларира како лезбејка, во интервјуто била прашана и за нејзиното мислење во врска со Владимир Путин и неговите ставови кон ЛГБТ популацијата.
„За тоа ќе размислувам кога ќе се сретнам со него. Не заборавајте дека и во ЕУ има многу земји кои немаат многу позитивни ставови кон малцинствата и кои не постапуваат добро со нив“, истакнала Брнабиќ.
Спонзорирано: