7.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Скопската полиција пронајде украдено „бе-ем-ве“, сега ќе бара украдена „опел вектра“

Во текот на вчерашниот ден скопјанецот З.В. (54) во полиција пријавил дека неговиот автомобил бил украден во периодот меѓу 5 и 9 јануари годинава.
Како што информираат од МВР, возилото марка „опел вектра“ со скопски регистарски ознаки било паркирано на улица Мито Хаџивасилев Јасмин од каде што било одземено од страна на непознат сторител. Според информациите, крадецот ја отворил вратата, влегол внатре и го стартувал возилото со оригинален клуч, кој стоел на бравата, и заминал во непознат правец.
Од полицијата преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и возилото и за расчистување на настанот, а воедно информираат дека на 8 јануари годинава во близина на село Лака пронајдено било патничкото возило „бе-ем-ве X5“ со скопски регистарски ознаки, инаку сопственост на Б.Б. од село Мршевци, кое во текот на истиот ден било пријавено за одземено од пред продавница на улица Ѓорче Петров.
Спонзорирано: