12.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Кривични против двајца мажи за неовластено производство на дроги

Полициската станица Свети Николе и Секторот за внатрешни работи Тетово поднесоа кривични пријави против двајца мажи за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги и психотропни супстанции и прекурсори“.
Имено, 57-годишниот Љ.А од Свети Николе во атарот на селото Сопот одгледувал растенија канабис сатива, истите ги бeрeл, исушил и заради продажба, во куќа во село Сопот во негова сопственост, држел 42,4 грама марихуана, која при извршен претрес била пронајдена и запленета.
Секторот за внатрешни работи Тетово поднесе кривична пријава против Д.М.(22). При претрес во неговиот дом во машина за садови биле пронајдени и одземени 870 грама марихуана.
Спонзорирано: