20.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Хаос на улиците во Тунис, уапсени повеќе од 200 лица

Над 200 лица се уапсени, a десетина се повредени во судирите помеѓу демонстрантите и полицијата во повеќе градови во Тунис.
Портпаролот на Министерството за внатрешни работи во земјата, Калифа Шибани, изјави дека супермаркетот „Карфур“ во јужното предграедие на Тунис бил ограбен и додаде дека 49 полицајци се повредени во судирите, а 206 учесници биле уапсени во нередите.
Во текот на ноќта полицијата и војската биле распоредени во повеќе градови во Тунис, меѓу кои во Тебурбa, 30 километри западно од градот Тунис, каде што стотина млади излегоа на улиците по вчерашниот погреб на човек кој настрада во нередите претходната ноќ.
Сè уште се води полемика околу причините за неговата смрт. Властите демантираат дека човекот бил убиен од страна на полицијата, а демонстрантите го прогласија за маченик.
На тунискиот остров Џерба засега непознати напаѓачи фрлија два молотови коктели, по што изби пожар, меѓутоа никој не беше повреден.
Инцидентите следат по избивањето на мирни протести поради пораст на цените и стапување на сила на мерките за штедење од 1 јануари, според кои се предвидува и зголемување на данокот.
Спонзорирано: