9.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Железничка несреќа во Јужна Африка, 200 повредени

Најмалку 200 луѓе се повредени во железничка несреќа што се случи во Јужна Африка. Досега не се пријавени загинати во инцидентот во Гермистон, град на околу 20 километри источно од Јоханесбург. Голем дел од патниците патувале на работа.
Не се познати причините поради кои дошло до несреќата, но локалните медиуми известуваат дека возот што пристигнувал удрил во друг воз одзади, кој стоел на станицата.
Медицинските екипи велат дека патниците претрпеле „мали до умерени” повреди и ќе добијат дополнителен третман во болница.
Спонзорирано: