18.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Викендов се случиле 19 сообраќајни несреќи

Во текот на изминатиот викенд од 5 до 8 јануари на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје се случиле вкупно 19 сообраќајни незгоди од кои две со тешки телесни повреди, шест сообраќајни незгоди со телесни повреди и 11 со материјална штета.
Од преземените мерки и активности констатирано е дека 60 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената, 11 лица управувале моторно возило под дејство на алкохол, а 26 возачи се исклучени од сообраќајот бидејќи го управувале возилото без да се стекнат со право за управување  моторно возило. Поради технички неисправни возила од сообраќајот исклучени се 34 возила. Во текот на изминатиот ден издадени се 113 мандатни платни налози, додека 86 возила се подигнати со “пајак”. 15 возачи се санкционирани затоа што поминале на крстосница на црвено светло, а двајца возачи бидејќи не дале првенство на минување.
Спонзорирано: