3.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Не е тоа што мислите: Дознајте што значат боите на дното од пастата за заби!

Веројатно никогаш при купување паста за заби не обраќате внимание на она квадратче во долниот дел на амбалажата.

За тоа квадратче многумина тврдат дека открива дали во пастата се наоѓаат само природни состојки и/или хемикалии.

Црн код – само хемикалии
Црвен код – природни материи + хемикалии
Син код – природни материи + лекови
Зелен код – само природни состојки

Сепак, ова НЕ Е ВИСТИНА, бидејќи квадратчињата во дел од производствениот процес означуваат место каде производот ќе биде пресечен или превиткан, а се отчитуваат со светлосен сензор.

Ако сакате да дознаете што има во пастата за заби, тоа може да го направите читајќи ја декларацијата на која би требало да се наведени сите состојки.