7.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Му го украле „бе-ем-вето“ додека пазарувал

Скопјанец останал без „бе-ем-вето“ откако се паркирал за да пазарува, а крадецот ја искористил шансата и заминал во неговото возило во непознат правец. Случајот вчера бил пријавен во Полициската станица Ѓорче Петров, од страна на 43-годишниот Т.И.(43).
Тој во полиција кажал дека околу 17.50 часот од пред продавница од улица Ѓорче Петро“, од страна на непознат сторител му било одземено патничко возило „бе-ем-ве X5“ со скопски регистарски ознаки. Сторителот го искористил невниманието на пријавителот, кој излегол од возилото и го оставил да работи. Тој влегол во возилото и со голема брзина заминал од местото на настанот и на тој начин се стекнал со противправна имотна корист од околу 750.000 денари. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и возилото и за целосно расчистување на случајот.
Спонзорирано: