23.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски го запознал Бартол со одлуката на опозицијата да не учествува во работата на Собранието

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, придружуван од Владимир Ѓорчев и Александар Николоски, оствари средба со делегација на НАТО, предводена од Горазд Бартол, шеф на канцеларијата за врски на НАТО во Македонија, соопшти Центарот за комуникации на партијата.
На средбата се разговарало за приоритетите на Република Македонија за нејзино членство во НАТО, актуелните политички случувања во земјата, како и за реформските процеси, при што Мицкоски ја истакнал стратешката определба на Македонија за полноправно членство во НАТО, што останува интерес и цврста определба на ВМРО-ДПМНЕ, а го запознал Бартол и со одлуката на опозицијата да не учствува во работата на Собранието.
„Мицкоски го информира Бартол за политичкиот прогон на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ од страна на власта, како и за одлуката за неучество во работата во Собранието на пратеничката група предводена од ВМРО-ДПМНЕ сè додека не се создадат услови за нормално демократско функционирање на Собранието. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека партијата е подготвена да ги поддржи реформските процеси за кои ќе оцени дека се во интерес на државата, но исто така потребни се активност и добра волја од страна на власта преку конкретни чекори со кои ќе ја потврди сериозноста во пристапот за реформските процеси што треба да се спроведат“, стои во соопштението што го испрати опозицијата.
На средбата станало збор и за претстојната посета на Македонија на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, и за билатералната средба помеѓу претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски, и генералниот секретар.
Спонзорирано: