20.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Заев во посета на штитениците во Заводот за заштита и рехабилитација во Банско

Премиерот Зоран Заев ги посети штитениците во Заводот за заштита и рехабилитација во Банско. Со заедничкото одбележување на вториот ден од големиот верски празник Божик, продолжува традиционалното тринаесетгодишно пријателство помеѓу претседателот на Владата, Заев и штитениците, деца и возрасни, згрижени во Заводот за заштита и рехабилитација во Банско.

На Божикната средба се споделени размислувања како ќе се подобрат условите за живот на штитениците во Заводот во Банско и за поефикасно остварување на нивните социјални права. Премиерот Заев им соопшти дека на ова веќе се работи во Министерството за труд и социјална политика, а во насока на нивна подобра заштита, нега и грижа, дека се разгледуваат можностите за зголемување на бројот на болничари и хигиеничари во Заводот.

Определбата на Владата да обезбеди еднакви можности за сите граѓани во државата носи заедничка среќна иднина на сите во Република Македонија, заклучено е заеднички на денешната празнична средба на премиерот Зоран Заев со штитениците во Заводот за заштита и рехабилитација во Банско.

Спонзорирано: