3.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Македонската полиција во лов на „ноќни дами“ по кафеаните – она што го проајдоа ги изненади

Полицијата синоќа извршила контроли во угостителски објекти во Тетово и Гостивар при што биле откриени македонски и странски државјанки кои ги забавувале гостите. Па така, во угостителски објект на улица Коле Неделкоски во Тетово, во сопственост на Б.М. од Тетово, биле затекнати четири странски државјанки и една Македонка како ги забавуваат гостите.

Сите лица биле приведени во полициска станица, а М.Д. (27), Л.А. (30), Ф.Т. (24) и С.Н. (30) од Република Албанија, поради злоупотреба на туристичкиот престој, биле задржани во Полициската станица Тетово за понатамошна постапка.

Иста акција била извршена и во угостителски објект во село Равен, гостиварско, сопственост на Ј.А. од Гостивар, каде што биле затекнати две странски државјанки и пет државјанки на Република Македонија како ги забавуваат госите. Сите се приведени во полиција, а В.Д. (21) од Република Албанија и М.Р. (27) од Република Србија, поради злоупотреба на туристичкиот престој, биле задржани во полициска станица за понатамошна постапка.