4.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Франција: Рекорден број на баратели на азил во 2017, најмногу од Албанци

Франција бележи рекорден на баратели на азил во 2017 година и тоа најмногу од Албанци, иако нивните изгледи да добијат статус на бегалци се многу помали од лицата што бараат азил од земјите во војна, како што се Авганистан и Сирија, изјавил денеска директорот на Француската канцеларија за заштита од бегалци и лица без државјанство. Паскал Брис.

Според неговите зборови, официјалните податоци покажуваат дека статус на бегалци во Франција лани побарале 100.412 лица што е за 17 отсто повеќе од годината претходно.