17.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Беса: Касами со вооружени лица го нападна седиштето на партијата во Скопје

Од движењето Беса преку соопштение потпишано од в.д претседателот Неџмедин Кахремани информираа дека денеска централното седиште на Беса во Скопје, било нападнато од вооружени лица, кои ја искршиле бравата и насилно влегле во нејзините простории.

„Се сомневаме дека насилниците се од Чаир и село Ларце од Тетово, а придружуван од тие лица, во седиштето дошол и веќе разрешениот претседател, Биљал Касами.

Во името на членството на движењето Беса, во име на Централното претседателство, во име на Централниот совет и во име на апсолутното мнозинство на движењето Беса, ние го осудуваме овој насилен чин и очекуваме од безбедносните органи да го расветлат овој настан и причинителите на овој вандализам да одговараат пред правосудните органите“, се наведува во соопштението.

Од Беса велат дека ова е целосно во спротивност со целата идеја на Движењето и изразуваат жалење што Биљал Касами насилно ги крши не само канцелариите на Беса, туку како што велат од таму, најгрубо ги крши и вредностите кои движењето Беса ги донело на политичката сцена./Извор: Мета.мк

Спонзорирано: