15.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Приведувања низ Скопје

Полицијата поднесе кривична пријава против Л.А. (21), Ф.С. (20), Џ.Ќ. (17) и Б.Е. (19), сите од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „разбојништво“. Според информациите на МВР пријавените ги извршиле кривичните дела во периодот од 27 до 30 декември лани, во Карпош и Центар во вечерните часови и на тој начин се стекнале со противправна имотна корист од околу 80.500 денари.

На 27.12.2017 година околу 20.30 часот во Градски парк во Скопје, кај големото езерце, Л.А., Ф.С. и Џ.Ќ. со закана со нож на оштетениот му го побарале мобилниот телефон и пари, по што го турнале во езерцето. После тоа побегнале од местото на настанот.

На 28.12.2017 година околу 20.00 часот на ул. „Јордан Хаџиконстантинов-Џинот“, четворицата пријавени пресретнале четири малолетници и со закана со нож и метален боксирач од оштетените одзеле пари и мобилни телефони.

На 29.12.2017 година околу 22.30 часот на пешачката патека на кејот на реката Вардар, Л.А., Ф.С. и Џ.Ќ., со закана со ножеви, од две лица одзеле паричник и мобилен телефон. Пријавените физички нападнале едно од оштетените лица затоа што им се спротивставил.

Од МВР информираат дека во полициска станица, пријавените биле препознаени од оштетените. По извршен разговор со четворицата пријавени, тие ги признале делата.

Спонзорирано: