12.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Љубовна приказна која го изненади светот: 10 месеци по смртта на сопругот следел вистински шок!

Шеесетгодишната Сју Џонстон од Хјустон со читателите на „Хајпервокал“ ја сподели својата љубовна приказна, која благодарение на Твитер го воодушеви светот.

– Мојот драг сопруг Џон и јас бевме во брак 46 години. Секој Ден на вљубените тој ми праќаше букет најубави цвеќиња и порака од 5 едноставни зборови: „Мојата љубов за тебе расте“. Четири деца, 46 букети и живот преполн со љубов беше неговото наследство кога пред две години почина, напишала госпоѓа Џонстон.

На првиот Ден на вљубените кој требало да го помине сама, 10 месеци откако го изгубила сопругот, Сју била шокирана кога и пристигнал прекрасен букет.

– Беше од Џон. Лута и со скршено срце ја повикав цвеќарката за да ми објасни како дошло до грешка.

Тие ми објаснија: „Не, госпоѓо. Не се работи за грешка. Пред да почине, вашиот сопруг плати повеќе години однапред и бараше да гарантираме дека вие и натаму ќе добивате цвеќе за Денот на вљубените.“ Го затворив телефонот и ја прочитав пораката на букетот. На неа пишуваше ’Мојата љубов за тебе е вечна’ – објавила Сју.

Спонзорирано: