21.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Што гледаат луѓето пред да умрат?

Група научници од њујоршкиот колеџ Канисиус потврдиле дека речиси сите луѓе воочи смртта ги гледаат своите починати пријатели или роднини.

Феноменот познат како „визии или соништа на смртната постела“ е добро документиран низ историјата и во различните култури, а научниците од споменатиот универзитет не навлегувале во тоа што луѓето на смртната постела, всушност, доживуваат, дали има тука нешто паранормално или тоа е само игра на мозокот, туку какво влијание тоа има на нив. Се покажало дека тие визии имаат благотворно дејство на психата на оној кој се подготвува за смрт.

Научниците до тој заклучок дошле секојдневно разговарајќи со 66 пациенти кои го чекале својот крај, па откриле дека повеќето од нив имале барем една таква визија дневно. Половина визии им доаѓале во сонот, а секоја од нив им делувала реално.

Спонзорирано: