19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Овие намирници може да се јадат и по истекот на рокот!

Секоја година се фрла половина од произведената храна (до две милијарди тони). А британскиот претприемач Ден Кладери во тоа видел одлична прилика за работа и ја покренал Approved Food, интернет страница на која продава храна која се уште може да се јаде, но и` поминал рокот на траење.

Тој тврди дека трикот е во разликувањето на налепниците: „Најдобро да се употреби до“ и „Употребливо до“.

„Најдобро да се употреби до“ е предлог на произведувачот до кој датум храната го задржува квалитетот, но и потоа е безбедна за конзумација.

„Употребливо до“ означува рок на траење на храната која брзо се расипува и може да претставува непосредна опасност за човечкото здравје и затоа не се препорачува да се јаде после истекувањето на рокот.

10 намирници кои може да се јадат и по истекот на рокот

Чипс
Чоколада
Кечап
Јогурт
Тврдо сирење
Млеко
Јајца
Леб
Ориз
Овошје и зеленчук

Спонзорирано: