13.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КУЛТУРА

„Нов културен бран“ со 82 проекти се обиде да ја децентрализира културата

Преку „Нов културен бран“ повик на Министреството за култура избра, беа реализирани 82 проекти во два конкурсни рока во 2017 година и според ресорното министерство имаа „квалитетна, естетизирано профилирана и вредносно издржана содржина“.

„На двата објавени повици на конкурсот имаше огромна заинтересираност и беа пристигнати 348 апликации, а за избраните проекти беа обезбедени 10,6 милиони денари“, посочуваат од Министерството.

„Нов културен бран“ се реализираше од крајот на јули до декември минатата година, со цел културата да се „децентрализира и деметрополизира“, според мотото на Министерството: „култура до сите, култура за сите“.

„Целта беше да се поттикне и да се активира независната културна сцена, да се истакне значењето на граѓанскиот сектор преку активноста на невладините организации, здруженија и асоцијации од областа на културата, за кои се смета дека можат да внесат посвежи идеи и поиновативни пристапи во креирањето на културната понуда со проекти кои се во слух со времето“, соооштија од Министерството за култура.

Спонзорирано: