21.8 C
Скопје
16. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Крвав празничен ден во Скопје: Со возило преминал преку бадникарски оган и прегазил две лица

Жител на село Кучевиште, Скопско, со теренско возило „мерцедес“ прегазил две лица кои присуствувале на бадникарски оган во село Мирковци. Претходно, тој со возилото преминал и преку запалениот оган.

Според информациите на МВР, синоќа околу 01.40 часот во село Мирковци, Скопско, на место викано „Горно Маало“, каде по повод Бадник имало запалено оган и биле присутни повеќе граѓани, им се доближил И.П. од село Кучевиште и им се заканил дека со неговото возило ќе помине низ огнот и дека ќе ги прегази.

Потоа, И.П. го стартувал неговото теренско возило „Мерцедес“, тргнал кон присутните граѓани, поминал низ огнот и удрил во М.Б. (39) и Б.К. (39), двајцата од село Мирковци.

По ова, И.П. избегал, а повредените биле пренесени во Градската општа болница „8-ми Септември“, каде им биле констатирани телесни повреди. По укажаната лекарска помош, двајцата биле пуштени на домашно лекување. СВР Скопје презема мерки за целосно расчистување на случајот.

Спонзорирано: