15.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Хојт Ји не ѝ чита лекции на Србија, вели Вучиќ

Официјалниот претставник на Стејт департментот Хојт Ји не ѝ чита лекции на Србија, туку секогаш зборува во име на Стејт департментот, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ во интервју за весникот „Курир“.

„Ако ова е негово лично мислење, некој досега би го демантирал или би го сменил. Но, досега никој не го демантира ниту го смени. Ји е суров професионалец и јас тоа го почитувам. Тој има свои ставови“, изјави Вучиќ на прашањето за ставот на Ји дека Србија мора да потврди дека 100-процентно е посветена на зачленувањето во ЕУ. На прашањето дали најавата на Конгресот на САД дека ќе го анализира односот меѓу Србија и Русија е директна последица од неговата средба со рускиот претседател Владимир Путин, Вучиќ одговори дека „секој треба да си ја работи својата работа“.

За односите со Хрватска, Вучиќ рече дека сака да оди во Загреб и дека сака да дискутира и да се договори за многу работи. Српскиот претседател вели дека е важно да се направи договор со косовските Албанци, иако разговорите се тешки, но решавањето на тоа прашање по мирен пат би бил најголем успех и дострел.

Спонзорирано: