4.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Трамп: Книгата за мене е полна со лаги

Американскиот претседател Доналд Трамп рекол дека книгата „Оган и бес: Во Белата куќа на Трамп“ од Мајкл Волф, која содржи досега необјавени работи за неговата администрација, е полна со лаги.

Во оваа книга се цитирани изјави на поранешниот советник на Трамп, Стив Банон, кој состантокот со група Руси, на кој бил присутен и синот на Трамп, го нарекол предавнички. Во книгата исто така е прикажано дека Трамп бил изненаден од својата победата на претседателските избори.

Адвокатите на Трамп се обиделе да го спречат објавувањето на книгата „Оган и бес: Во Белата куќа на Трамп“, во која се изнесени многу тврдења вклучувајќи го и тоа дека првата дама Меланија Трамп плачела од тага по победата на изборите на нејзиниот сопруг, дека Трамп им бил лут на некои славни личности што ја игнорирале неговата инаугурација, дека неговата ќерка Иванка направила план со својот сопруг таа да стане првата жена претседател на САД, како и тоа дека пред нејзините пријатели ја исмејувала фризурата на татка си.

Книгата е напишана врз основа на 200 интервјуа, но некои делови веќе се оспорени и се најдоа на удар на критиката. Трамп изјавил дека не му овозоможил пристап на Волф до Белата куќа и дека не разговрал со него за книгата за која рекол дека е полна со лаги, дека претставува погрешно прикажување на фактите и дека е полна со непостојни извори.