16.8 C
Скопје
16. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЛОКАЛНО

Семејства од социјално ранливите категории ќе добијат огревно дрво од Општина Кисела Вода

Семејства од социјално ранливите категории ќе добијат огревно дрво од Општина Кисела Вода, најави градоначалникот на општина Кисела Вода, Филип Темелковски, на прес-конференција. Во согласност со одлуката на оваа локална самоуправа, која е поддржана од Советот на Општината, за доделување огревно дрво може да аплицираат приматели на постојана парична помош, корисници на социјална парична помош и самохрани родители, кои заедно со барањето ќе ја достават потребната документација.

„На петтата седница на Советот на Општина Кисела Вода е донесена одлука за доделување огревно дрво за најранливите категории жители на општина Кисела Вода, така што сакам да пратам апел до сите граѓани што се приматели на постојана парична помош, социјална помош и кои се самохрани родители, во наредните 5 дена да аплицираат, да поднесат барање до месните заедници или да аплицираат во просториите на Општина Кисела Вода за доделување огревно дрво, кое со распределба на буџетските сретства е обезбедено од страна на Општината. Сè што треба дополнително, може да го најдат на интернет-страницата на Општината, а барањата може да ги подигнат и во месните заедници“, рече градоначалникот Темелковски.
Тој додаде дека за оваа намена годинава Општина Кисела Вода предвиде 1.000.000 денари, со кои ќе се обезбедат 360 кубика дрва, кои потоа ќе бидат рапределни на социјално ранливите категории, поточно на семејствата на кои најмногу им се потребни. Рокот за поднесување на барањето со потребната документација е најдоцна до 15 јануари до 16.30 часот во архивата на Општина Кисела Вода, секој работен ден од 8.30 часот до 16.30 часот. Дополнителен критериум на доделување на огревното дрво за барателите што ги исполниле горенаведените критериуми е прв дојден – прв услужен.
Огласот за доделување огревно дрво на семејствата од социјално ранливи категории со потребните критериуми е достапен на општинската веб- страница.

Спонзорирано: