9.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Сакале само да јадат банани, а потоа морале да се иселат од дома на неколку дена!

Многумина не сакаат да пронајдат ниту мал црв во салатата, и тоа е веќе доволно целата салата да заврши во ѓубре. Но, ова семејство од Велика Британија доживеално нешто поради што подолго време многу добро ќе ги проверува намирниците кои ги купува во супермаркет.

Кеит Хобс и неговата сопруга Лаура во својот дом во Нанитон ги пронашле најотровните пајаци на светот.

Родителите на Лаура при посета им донеле вреќа банани кои ги купиле во супермаркет, но не ни знаеле што им „подариле“. Во овошјето било скриено гнездо полно со отровни пајаци.

Откако сфатиле за кој вид се работи, ги зеле четирите деца од куќата и заминале во хотел. Повикале служба за дезинсекција како би се осигурале ниту еден отровен пајак да не остане во нивниот дом.

Кеит повикал полиција, а маркетот кој случајно го „продал“ гнездото со пајаци ги затворил своите врати на неколку часа, додека не биле сигурни дека нема уште такви пајаци.

Спонзорирано: