15.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
SHOWBIZ

Ристе Ристески објави магична видео приказна за темата „Добро јутро тајно“

Победникот на најгледаното регионално музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“, Ристе Ристески претстави магична видео приказна за својата прва студиска песна насловена како „Добро јутро тајно“.

Зад песната „Добро јутро тајно“ како автор на музика и текстот се потпишува хит-мејкерот Бане Опачиќ, додека аранжманот е на Маријо Пајиќ. Песната е комплетен подарок од продукцијата „Гранд“, додека спотот е снимен по идеја на Ристе.

Пантомимичарот Мето Јанакиевски и манекенката Андреа Златков се ликовите кои се појавуваат во видео приказната снимена во режија на Даниел Јовески.

Од почетокот на 2018-та година, дигиталната дистрибуција и заштита на авторските права на Ристески и продукцијата „Гранд“ ги презема компанијата IDJ DIGITAL која е дел од глобалната групација „United Group“.

„Чест и задоволство ми е да ви ја честитам Новата година и празниците со веќе долгоочекуваниот спот за мојата прва песна. Ова е првиот производ и се надевам дека ќе биде добро прифатен од целокупната јавност. Продукцијата „Гранд“ ги исполни сите ветувања, а веќе работиме и на нови проекти кои нестрпливо чекам да ги објавам“, вели Ристе Ристески.

Ристе Ристески како победник на минатогодишната сезона на „Ѕвездите на Гранд“ потпиша ексклузивен договор за работа во времетраење од 9 години со продукцијата „Гранд“, а доби и автомобил марка Шкода и две песни од автори по негов личен избор.

Спонзорирано: