7.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: Невини патриоти лежат во притвор додека Заев троши по 100.000 евра на приватни забави

Вистината за политички притворените уметници се пробива надвор од границите на Република Македонија. Нивни колеги сè повеќе се запознаваат и реагираат на фактот дека Македонија не е демократска држава, туку држава во која политички за терористи се прогласуваат истакнати уметници и интелектуалци, а потоа системот без никакви докази ги фрла во притвор, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Десетици невино гонети патриоти лежат во притвор, а Зоран Заев и пријателите трошат по 100.000 евра на приватни забави во соседството. Десетици македонски патриоти неосновано се во ќелиите во Шуто Оризари, а претставници на власта лицитираат со имиња на аеродроми, улици, патишта, па дури и со името на државата на приватни забави“, велат од партијата.

Од таму додаваат дека притворот, наместо како мерка за претпазливост, се користи како казна и средство за изживување. Според ВМРО-ДПМНЕ, органите на прогонот се користат за монтирање судски случаи и пресметка со сопствените граѓани што мислат поинаку.

„Притворените се соочени со кршење на нивните права во сите фази од процесот. Незаконитоста во постапките е нотирана и од народниот правобранител. За жал, судот и ОЈО остануваат неми и се однесуваат како соизвршители во ова незаконие.
Правниците во судовите и ОЈО не треба да дозволат да бидат обележани во учебниците по право како пример како не треба да постапува еден судија или обвинител. Законската постапка е право на граѓаните, а правичноста и законитоста обврска на судијата“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Спонзорирано: