15.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Судот во Солун утре ќе ја соопшти одлуката за екстрадиција на Грујевски и Бошкоски

Судот во Солун утре ќе ја соопшти одлуката за екстрадиција на Горан Грујевски и Никола Бошкоски. Одлуката е донесена, но на претходното рочиште не беше соопштена поради тоа што немаше преведувач од грчки на македонски јазик.

Поранешните началници на УБК пред Судот побарале да не бидат екстрадирани бидејќи, како што рекле, се плашат за нивните животи и сметаат дека во Македонија нема да добијат фер судење. Тие во ноември побараа азил.

Освен за екстрадицијата, на Грујевски и Бошкоски во Грција им се суди и за фалсификување пасоши.

Двајцата се обвинети од СЈО за предметите „Тврдина“ и „Таргет“, а беа уапсени од грчката полиција на аеродромот во Солун на 18 октомври годинава, при обид со лажни бугарски пасоши да заминат со авион за Будимпешта. Нивната намера беше да ја избегнат мерката притвор што им беше одредена откако СЈО поднесе обвиненија поради незаконско прислушување на илјадници граѓани преку злоупотреба на системите за следење во МВР, како и за физичко уништување на дел од таа опрема.

Спонзорирано: