13.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Повеќемина повредени во тешката сообраќајка на автопатот Тетово – Гостивар

На 03.01.2017 година околу 18,00 часот, на автопатот Тетово-Гостивар, во близина на клучката за с.Камењане, се случила сообраќајна несреќа во која учествувале две патнички возила: „Опел корса“ со тетовски регистерски таблички, управувано од В.С.(37) од Урвич и „Форд куга“ со швајцарски таблички, што го управувал Л.О. (42) од Кичево.

Во несреќата, возачот на „Корсата“ и неговата сопруга Е.С.(32) се здобиле со тешки телесни повреди. Тие биле пренесени во тетовската клиничка болница, каде Е.С. починала. По укажаната лекарска помош, В.С. бил префрлен во комплекс клиники “Мајка Тереза“ во Скопје. Со телесни повреди, се здобиле пет сопатници во „Корсата“ на возраст од две, шест и тројца на возраст од 20 години кои, исто така, со медицинско возило биле пренесени во тетовската клиничка болница, а по укажаната помош се пуштени на домашно лекување.

Извршен бил увид од страна на Јавен обвинител и увидна екипа од Секторот за внатрешни работи. Се работи на целосно расчистување на случајот.

Спонзорирано: