17.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Министер даде оставка преку „Фејсбук“, трета оставка за еден месец во Владата во Бразил

Министерот за индустрија на Бразил, Маркос Переира, поднесе оставка, што е трета оставка на министер од бразилската Влада за еден месец, пренесе „Ројтерс“.

Се наведува дека Переира писмото со оставката го објавил на својата фејсбук-страница и дека би требало во октомври во име на Бразилската републиканска партија да се кандидира за место во Конгресот.

Во писмото Переира опиша дека одлуката ја донел поради лични и партиски причини и му се заблагодари на претседателот на Бразил, Мишел Темер, кој го постави на таа позиција.

Спонзорирано: