11.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

ЕК ги тужи Полска, Чешка и Унгарија затоа што не примаат мигранти

Европската комисија ги тужи Полска, Чешка и Унгарија затоа што не ја почитувале одлуката за прераспределба на бегалци во рамките на Европската Унија според националните квоти. Тужбата е поднесена и затоа што овие земји целосно престанале да примаат бегалци, соопшти денеска Судот за правда во Луксембург.

„Денеска почнува постапката што ја иницира ЕК. Тужените земји имаат право да реагираат на овој потег на Комисијата. Првото рочиште може да се очекува на крајот на оваа година, во ноември или декември“, рекол портпаролот на Судот, Балаж Лехоцки, и додал дека процесот може да трае 18 месеци.

Претходната полска либерална вада на Ева Копач во 2015 година се обврза дека во рамките на договорот за релокација ќе прими околу 7.000 бегалци од Блискиот Исток и од Африка, но по парламентарните избори, конзервативната влада на партијата Право и правда прекина да прима бегалци од центрите во Италија и Грција со оправдување дека нема начин да изврши нивна темелна проверка и дека се ризик за Полска.

Чешка за време на претходната влада на Бохуслав Соботка прими 12 бегалци од квотата од речиси 3.000, а потоа ја запре програмата со образложение дека Грција и Италија не им овозможуваат на чешките органи да ги проверат бегалците што би дошле во Чешка.

И сегашниот премиер Андреј Бабиш инсистира на бегалците да им се помага надвор од Европа и дека ЕУ треба да ги затвори границите за нив.

Спонзорирано: