20.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Детали за трагедијата со смртни последици која ја погоди Македонија

Престигнување на полна лента е причината за сообраќајната несреќа што се случи вчера на патот Кичево-Македонски Брод, а во која загина тримесечно бебе, соопшти Основното јавно обвинителство Кичево.

Од таму наведуваат дека според првичните информации, несреќата се случила кога возачот на автомобилот „голф“, со охридски регистарски таблички, што се движел од Македонски Брод кон Кичево, направил обид за престигнување влекач со приколка, марка ТАВ со кичевски регистарски таблици. При престигнувањето возилото „голф“ удрило во автомобилот „алфа ромео“ со регистарски таблички од Република Словенија, што доаѓало од спротивниот правец.

Бебето починало на самото место, а тешки повреди добиле пет лица, кои се пренесени во медицински установи за укажување натамошна помош.

Од Обвинителството наведуваат дека се прибрани траги од местото на несреќата и претстои нивно вештачење, како и сообраќајно техничко вештачење за утврдување на околностите за настанот.​

Спонзорирано: