18.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Бесплатни прегледи за децата со говорни проблеми

Под мотото „Да им помогнеме на децата со говорни проблеми“ здружението „Интеракција плус“ од Скопје организира нова голема акција, која ќе трае до 5 февруари.

Здружението „Интеракција плус“ организира бесплатни логопедски и дефектолошки прегледи на деца од сите возрасти, а посебен акцент ќе биде ставен на децата и учениците.

Прегледите вклучуваат логопедска и дефектолошка дијагностика и процена од страна на дипломирани логопеди и дефектолози со помош на најсовремени дијагностички методи и помагала.

Од здружението велат дека целта на акцијата е да не остане непрегледано ни едно дете и да има што помалку деца со говорни и други проблеми.

За закажувања и дополнителни информации заинтересираните граѓани може да се обратат на телефоните: (071) 973 362 и (078) 245 484, секој работен ден од 13 до 20 часот.

Спонзорирано: