12.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Donald Trump/Offical fan page
СВЕТТОП ВЕСТИ

Трамп се закани дека ќе ја укине помошта за Палестина

Американскиот претседател Доналд Трамп се закани дека ќе ја спречи паричната помош за палестинските власти и објави дека се чини дека блискоисточниот мировен процес ќе биде прекинат.

„Им даваме на Палестинците стотици милиони долари годишно и за тоа не добиваме ниту благодарност ниту почит. Тие дури не сакаат ниту да преговараат за долгорочен мировен договор со Изарел“ напиша Трамп на Твитер.

Тој додаде дека штом Палестинците не сакаат да преговараат за мир, тогаш тие не гледаат причина за масовни исплати на таа земја.
Трамп на крајот од годината објави дека САД го сметаат Ерусалим за престолниа на Израел и дека таму ќе ја преместат американската амбасада.

Спонзорирано: