3.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Судењето на Груевски, Јанакиески и Трајковски за „ТНТ“ закажано за 24 јануари

Поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, поранешниот министер за транспрот и врски Миле Јанакиески и поранешниот градоначалник на општина Гази Баба, Тони Трајковски на 24 јануари треба да седнат на обвинителна клупа и за случајот „ТНТ“, за кога е закажно првото рочиште за овој предмет на Специјалното јавно обвинителство.

Засега е неизвесно кој судија ќе го суди предметот, бидејќи судијата Ивица Стефановски, кај кого првично беше распределен случајот, со новиот распоред на претседателот на Кривичниот суд, Иван Џолев, е прераспореден во друго одделението во судот, односно нема да суди организиран криминал.

Од судот велат дека кога новиот распоред во делот за Стефановски и официјално ќе стапи на сила, тогаш предметот „ТНТ“ ќе биде распореден кај друг судија.

Согласно пресудата на Апелацискиот суд од почетокот на ноември, минатата година прислушуваните разговори ќе бидат доказ во судската постапка и за овој случај.

Случајот „ТНТ“ се однесува на уривањето на комплексот „Космос“ на бизнисменот и претседател на Партијата за европска иднина (ПЕИ), Фијат Цаноски, а во него, покрај Груевски, Јанакиески и Трајковски, обвинети се уште четири лица./Извор: Мета.мк

Спонзорирано: