13.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Советот за безбедност на ОН доби шест нови членки

Советот за безбедност на Обединетите нации доби шест нови членки – Еквадорска Гвинеја, Брегот на Слоновата Коска, Холандија, Кувајт, Перу и Полска.

Знамињата на овие земји беа поставени пред салата во која заседава Советот за безбедност денеска на церемонијата организирана од амбасадорот на Казахстан, Кахат Умаров, чија земја моментно претседава со Советот.

Инаку, Советот за безбедност има 15 членки, меѓу кои пет постојани – Кина, Франција, Русија, САД и Обединетото Кралство.

Другите членови ги избира Генералното собрание на ОН за период од две години. Меѓутоа, оваа година Холандија ја пополнува втората половина од својот мандат кој го дели со Италија.

Египет, Јапонија, Сенегал, Украина и Уругвај го завршија својот мандат во Советот за безбедност на ОН минатата година.

Местото во Советот за безбедност им овозможува на земјите погласно да го изразат своето мислење кога станува збор за меѓународните прашања.

Спонзорирано: