18.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Снег ќе ја прекрие Македонија – УХМР со најново метео предупредување

Ноќеска од запад ќе се прошират врнежи кои ќе бидат претежно од снег и кои ќе бидат пообилни на југозапад, Во котлините долж Повардарието врнежите ќе бидат од дожд и снег, а на југоисток само од дожд. Повеќе врнежи ќе има во вториот дел од ноќта, кога врнежите од снег повремено ќе засилуваат.

Во западните делови ќе се формира снежна покривка, помала по котлините, а на планините ќе достигне околу 10 cm. Врнежите до пладне ќе престанат.

Утре ќе дува умерен до повремено засилен северозападен ветер. Потоа во наредните денови времето ќе биде стабилно и суво, по котлините и по речните долини со појава на магла и ниска облачност.

Спонзорирано: