20.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay / Илустрациј
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Снег ќе го прекрие овој дел од Македонија – еве со каква информација излегоа синоптичарите

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од северозападен правец, кој поизразен ќе биде по должината на Повардарјето. Кон крајот на денот кон четврток облачноста ќе се зголеми, особено во западните делови на земјава, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Максималната температира ќе достигне од 4 до 10 Целзиусови степени.

Во Скопје ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди и со умерен до засилен ветер. Максималната температура ќе достигне до 8 степени.

Денеска кон крајот на денот и в четврток во утринските часови ќе има локални врнежи претежно од снег, кои повеќе ќе бидат застапени во западните делови, каде што се очекува да се формира нова снежна покривка. Потоа во наредните денови времето ќе биде стабилно и суво, а од петок по котлините и по речните долини ќе има појава на магла и ниска облачност.

Спонзорирано: