11.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Шарпланинец каснал десетгодишно дете во Неготино

Во текот на вчерашниот ден во Неготино десетгодишно дете било каснато од куче од расата шарпланинец.

Како што информираат од полицијата, вчера околу 14 часот на место наречено Антена во Неготино, додека група деца си играле, покрај нив поминало лицето И.Т. (18) со своето куче од расата шарпланинец, врзано со синџир, но без заштитна корпа.

Кога кучето дошло до едно десетгодишно дете, скокнало и го каснало за левата рака, при што му нанело видлива телесна повреда. Детето било пренесено во најблиската здравствена ординација, каде што му била укажана медицинска помош.

Спонзорирано: