9.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Нова граница меѓу две земји – Холандија се зголеми, Белгија се намали

Холандија ја почна новата 2018 година малку поголема од претходно на сметка на Белгија. Но, сепак, не станува збор за грабеж на територија.

Имено, двете земји на почетокот од минатата година се спогодија дека одново ќе ја исцртаат границата до реката Маас и два полуострова со површина од 16,3 хектари (или посликовито, речиси 23 фудбалски игралишта) од Белгија ќе ѝ припаднат на Холандија.

За возврат Белгија доби полуостров од 3 хектари.

Договорот, кој стапи во сила вчера, беше неопходен бидејќи со инженерските интервенции врз текот на реката делови од територијата се отсечени од земјите на кои првично им припаѓале.

Затоа, со заменувањето на териториите само се потврдува географската реалност.

Инаку, првата промена на граничната линија меѓу Белгија и Холандија се случила во 1843 година.