8.8 C
Скопје
18. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Голема трагедија вечерва ја зави Македонија во црно – во страшната сообраќајка почина 3 месечно дете, повеќе се повредени

Тримесечно бебе загина во сообраќајната несреќа што денеска се случи на регионалниот пат Кичево-Македонски Брод помеѓу село Србјани и село Староец.

Во несреќата учествувале две патнички моторни возила и едно товарно моторно возило.

Пет лица се повредени и со итната медицинска помош се пренесени во Медицинскиот центар во Кичево.

Од АМСМ информираа дека сообраќајот се пренасочува по алтернативен пат.