7.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Боксерската легенда Мајк Тајсон ќе одгледува марихуана на плантажи во Калифорнија

Еден од најдобрите боксери во историјата на овој спорт, Мајк Тајсон, објави дека влегува во бизнисот со марихуана, само еден ден откако нејзината рекреативна употреба беше легализирана во Калифорнија.

Челичниот Мајк заедно со други бизнис-партнери купил земјиште на 16 хектари во Калифорнија Сити, гратче со 15.000 жители.

Покрај тоа што ќе одгледува марихуана, неговиот проект опфаќа и школа за фармери, наречена Тајсонова школа за култивирање, каде што производителите ќе го усовршуваат процесот на одгледување марихуана и ќе се истражуваат медицинските ефекти од неа.

Ранчот на 51-годишниот Тајсон ќе има и амфитеатар и луксузна област за кампување.

Тајсон нагласи дека отсекогаш бил голем поддржувач на медицинската марихуана, која во Калифорнија беше легализирана уште во 1996 година, и изрази надеж дека со овој потег ќе придонесе за натамошните истражувања на нејзините лековити својства.

На 1 јануари годинава Калифорнија стана шестата сојузна држава во САД што ја легализира марихуаната за јавна употреба и во наредните години на сметка на тоа очекува приход од десетици милијарди долари.

Ова подразбира легално поседување, транспортирање, набавка, потрошувачка и дистрибуција до 28,5 грама марихуана, односно осум грама концентрирана марихуана.

Спонзорирано: