21.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Запалил џоинт среде емисија: Не можел да го слуша политичарот како зборува глупости!

За време на една ТВ емисија во Јужноафриканската Република, во која се расправало за легализација на марихуаната, еден од учесниците на дебатата запалил џоинт.

Имено, еден од најгласните критичари на власта по тоа прашање Андре Фу Плесис неодамно во една емисија се судрил со претставникот на властите Дејвид Бајер, кој е претседател на државното тело задолжено за прашањето за легализација.

Бајер тврдел дека легализацијата доцни поради проблеми со се` поголемиот број напади на странци, Плесис одговорил: „Не мешајте ксенофобија во оваа приказна. Тоа се само изговори бидејќи доцните и не ја вршите својата работа“.

Тој во моментот извадил џоинт и го запалил. Подоцна изјавил дека американските сојузни држави Колорадо и Вашингтон од легализацијата на марихуана заработуваат милијарди долари, а дека властите во Јужноафриканска Република само губат пари.

Погледнете го видеото:

Спонзорирано: