4.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Новогодишната ноќ 27 лица ја поминаа на Токсикологија

Клиниката за токсикологија во градскиот Клинички центар за време на новогодишанта ноќ, ја посетиле 27 лица. Меѓу нив, најмладиот има 16 години, соопшти директорот на Токсикологија, Нико Беќаровски.

Тој изрази задоволство дека за прв пат по долго време на Клиниката за токсикологија, за новогодишната ноќ немало лица помлади од 15 години, како и дека немало лица предозирани со психо-активни супстанци.

Ургентниот центар во болницата „8 Септември“ го посетиле 38 лица, од кои четворица со поблаги форми на повреда поради тепачки.
На Клиниката за хируршки болести во текот на вчерашниот ден пристигнале вкупно 65, од кои пет се хоспитализирани, а врз 4 се извршени операциски зафати, но овие повредени немаат врска со новогодишната ноќ.

На Хирургија исто така пристигнале четири лица со изгореници на рацете од петарди, но без сериозни повреди, за кои немало потреба да се хоспитализираат. Пристигнале и двајца пациенти со површни рани на вратот од огнено оружје од залутани куршуми.