10.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Двајца загинати од петарди

Во текот на новогодишната ноќ во Германија две лица загинале од повреди предизвикани од петарди.

Станува збор за 35-годишен маж и 19-годишно момче кои починале во пошироката област на Берлин од повреди од домашно изработени петарди.

Полицијата во Келн во текот на новогодишната ноќ регистрирала и неколку случаи на сексуално вознемирување, додека полицијата во Берлин соопшти дека имало десетина такви случаи, а за време на прославата пред Бранденбуршката порта имало и неколку апсења.

Германската полиција со засилено обезбедување настојуваше да спречи поголеми инциденти во текот на новогодишната ноќ, како оние од 2016-та година во Келн, кога десетици жени беа нападнати и ограбени.

Спонзорирано: