10.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Путин до граѓаните: Ви Благодарам што верувате во себе и во Русија

Рускиот претседател Владимир Путин им посака на Русите позитивни промени и им се заблагодари за нивната вера во Русија, за време на новогодишната телевизиска честитка.

Традиционално, шефот на државата беше емитуван на телевизија во источниот дел на земјата, каде веќе пристигна 2018-та година.

„Новата година е пред сѐ одмор во самите нас. Ние ја одбележуваме како во детството – со подароци и изненадувања, со посебна топлина, со очекување за важни промени. Овие промени сигурно ќе се случат во нашите животи, доколку секој од нас ги почитува своите родители, се грижи за нив и ја цени секоја минута помината со нив. Треба да се трудиме да најдеме разбирање за нашите деца, нивните стремежи и соништа, да ги задржиме оние кои се секогаш со нас, кои имаат потреба од нашето присуство и душевна великодушност“, изјави Путин.

Рускиот претседател порача до народот да стреми секогаш кон искрен разговор и простување на грешките и навредите.

„Нека во новата година во животот на секој човек и секое семејство се случат промени кон подобро, сите да се здрави, да се раѓаат деца и тие да нѐ радуваат”, посака тој.

„Сакам искрено да ви се заблагодарам за вашата вера во себе и во нашата земја, за работата и за нејзините резултати“, додаде Путин.

„Каде и да се наоѓаме, дали е тоа покрај семејната софра, во весела компанија или на празничните улици – нас не обединува новогодишното расположение, а модерната технологија ни дозволува да ги споделиме чувствата со најблиските луѓе кои можеби се наоѓаат на стотици, дури и илјадници километри“, истакна Путин и им посака на граѓаните на сите земји низ светот успеси и благосостојба.

Спонзорирано: